Пред 16 години одлучи за замине од Белград и да започне нов живот. Актерот сега живее на село во Ваљево, а селаните велат де им е омилен сосед.
Актерот вели дека неговата ракија не содржи ништо друго освен овошје.
-Кај мене нема лаги и превари. Го земам најдоброто од овошјето и од тоа правам ракија. Чиста, вистинска и полна со вкусови, вели Ненад Јездиќ.

Голема семејна куќа и уште еден објект од преку 1000 квадрати, кој уште се гради, каде што ќе отвори ресторан, а во подрумот ќе ја складира ракијата, дваесет хектари земја и желба на сите да им биде добро.
-Секое утро размислувам што ќе ми е сето ова. Но, сепак земјата ме врзала за неа. Овде имам можност да направам нешто драгоцено за своите. Ова е во моментов мојата потреба. Морам ова да го направам поради моето семејство, но и поради луѓето кои работат и ќе работат за мене и нивните семејства,- вели Ненад.
Тој не е само газда, тој е и со мајсторите, вози трактор, сече дрва…
-Кога експертите би се занимавале со мојот случај, ова би го оцениле како бегање од сè. Тоа и го направив. Ова е огромно одрекнување и подвиг, така што бев навистина силен да побегнам од себе. Од театорот и глумата, вели актерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


