Холивудскиот актер Џон Малкович во петокот пристигна во Загреб, каде ја отвори концертната сезона во салата „Ватрослав Лисински“. Малкович се појави и како наратор во соло музичка изведба на младата пијанистка Анастасија Тренкова.
Малкович, кој во 1990 година на светот му откри дека е Хрват, сега откри дека има и црногорски корени.
На прес-конференција, Џон призна дека бил воспитуван како Американец, но дека е горд на своите корени. И тоа не е само хрватски.
-Татко ми тврдеше дека неговиот татко бил најголемиот лажливец, па не можам да знам за сигурно. Мајка ми, по неговата смрт, еднаш дури и ми рече дека сум Црногорец, изјави Малкович.
Тој објасни дека се чувствува делумно и како Хрват. Но, бидејќи родителите на неговите родители починале додека бил мал, тој не сакал да го научи нивниот јазик, па ја открил Хрватска многу подоцна.
Инаку, Малкович во 1990 година на светот му откри дека е Хрват во песната на Ненад Бах „Дали може да одиме повисоко”, во која тој цитира хрватскиот стихови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст