| четврток, 6 декември 2018 |

Бојата на урината зборува во каква состојба е вашиот организам

Бојата на урината може да биде добар показател за состојбата во вашето тело, особено кога станува збор за дехидрација на организмот или пак за инфекција.
Од таблицата со нијанси можете да ја прочитате состојбата на вашиот организам.

Боја на урината во распон на нијансите од 1 до 3
Проѕирна или светло-жолта урина индицира дека е телото здраво. Проѕирната нијанса е подобра затоа што покажува дека сте пиеле многу вода и дека вашиот организам е хидратизиран. Водата ги регулира сите органи и нивната температура и ги премесува низ телото хранливите материи.

Боја на урината во распон од 4 до 8
Ако видите потемна и многу темно-жолта нијанса наутро, при првото мокрење, не се грижете затоа што таква боја се собира преку ноќта. Но ако бојата на урината ви е редовно таква, почнете да пиете повеќе вода затоа што тоа зборува дека телото ви е дехидрирано.

Бела урина
Белата или заматена урина значи голема концентрација на бели крвни клетки кои се борат со инфекција и веројатно е дека имате уринарна инфекција.

Ако имате потреба за зачестено мокрење, болно мокрење, печење во текот на мокрењето, задолжително одете на лекар. Но водата е ваш сојузник и во оваа ситуација. Пијте многу течности.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top