Европската комисија денеска определи дополнителни четири милиони евра хуманитарна помош за Србија за помош на илјадниците бегалци и баратели на азил што се наоѓаат во оваа земја, јави дописникот на МИА од Брисел.
Според ЕК, околу 80 милиони евра досега и се доделени на Србија во финансирање на акции што се поврзани со миграциските прашања и со ЕУ од 2015 година.
Новиот договор ЕУ-Србија доаѓа откако еврокомесарот за хуманитарна помош и управување со кризи, Христос Стилијанидис моментално се наоѓа во четврта посета на земјата каде што ја оценува хуманитарната ситуација на теренот и разговара за хуманитарната поддршка на ЕУ за бегалците со владините претставници на Србија.
Комесарот Стилијанидис се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ и со премиерката Ана Брнабиќ.
– Србија е сигурен партнер на Европската унија, а нашето партнерство овозможи ефективен одговор на кризата со бегалците. ЕУ е водечки снабдувач на хуманитарна помош за вдомување на бегалци во Србија од 2015 година. Ние помогнавме да се подобрат условите во многу центри за прифаќање, обезбедивме храна во кампови, образование за итни случаи за децата и помогнавме во обезбедувањето на здравствени услуги. Дополнителните проекти што ќе бидат објавени денеска ќе се однесуваат на потребите на најранливите популации, особено во текот на претстојната зимска сезона, истакна комесарот за хуманитарна помош Стилијанидис.
Новите проекти ја финансираат дистрибуцијата на храна во центрите за прифаќање, заштитата на најранливите популации, особено во текот на претстојните зимски услови и активности поврзани со образованието.
Од 2015 година, ЕУ е најголем учесник во обезбедувањето итна помош за Србија и досега обезбедената хуманитарната помош на Комисијата за српсата држава изнесува 25 милиони евра и обезбедена итна помош во храна, вода, хигиена, основни предмети, како и за места за транзит и прием, вклучувајќи ги границите и областите на чекање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст