Иако повеќете симптоми кои дневно ги чувстуваме не треба да не загрижуваат, постојат некои кои не треба никако да ги игнорираме. Дотор Елвин Левин неодамна направи листа на „секојдневни“ симптоми и објасни како тие може да бидат знак за сериозни медицински состојби.
Болка во стомак
Иако најчесто оваа болка е безопасна, ненадејната болка во пределот на абдоменот е знак дека треба да одите на лекар. Многу работи може да ја предизвикаат оваа болка – запек, пукање на циста во јајникот или пак оштетена аорта.
Губење здив без никаква причина
Ако останете без здив, тоа може да сугерира белодорбна емболија. Голема веројатност да развивање на белодробна емболија настанува ако пиете апчиња за контрацепција, долго седите, пушите цигари или летате. Исто така, тоа може да биде зна за астма, пневмонија или паничен напад.
Ненадејна главоболка
За многумина, главоболката е секојдневен дел од животот, а нејзината јачина варира од обична до мигрена. Меѓутоа, секоја ненадејна болка треба да се провери на лекар. Причина за ненадејна главоболка може да биде и крварење на мозокот и тогаш е потребна моментална хоспитализација.
Жед која не може да се задоволи
Ако пиете премногу вода во текот на денот, тогаш мора да закажете преглед. Полидипсија е еден од првите симптоми на дијабет. Кога нивото на шеќерот во крвата е превисоко, телото врши притисок на бубрезите да произведуваат повеќе урина за да се ослободат од вишокот глукоза, а тоа доведува до голема жед и често мокрење.
Болка во рамениците, вилицата, вратот или грбот
Ова се најчести симптоми на срцев удар. Освн тоа, обично е во комбинација со малаксаност, кашлање и повраќање. Ова е знак дека мора итно да се јавите на лекар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст