СДС и Стефан Богоев немаат понуда со проекти туку понуда со лажни и празни ветувања. Богоев како кандидат за пратеник ветуваше брда и долини за младите, подобри услови за студирање и побрзо наоѓање на работа, ништо од тоа не исполни, за сега истото го прави како кандидат за градоначалник на општина Карпош. Стефан Богоев ги манипулираше младите. Стефан Богоев продолжува да ги лаже и манипулира карпошани, истакна Теодора Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.
-Богоев за време на парламентарните избори ветуваше дека студентите ќе заработуваат пари додека студираат, па им вети работа по принципот part time job, со што студентите ќе добијат понуда за работа со скратено работно време. Поминаа 4 месеци откако СДС е на власт, а понуда за студентите за работа со скратено работно време нема. Богоев ветуваше и дека студентите ќе добијат студентска картичка за попусти во читални, библиотеки, кафетерии и ќе добијат разно разни други бенефиции. Но, младите од ветените бенифиции го видоа само бенефитот кој го доби Стефан Богоев – А тоа е пратеничката плата, истакна Андоновска и додаде: Размазеното богато детиште Богоев нема ни срам ни перде да зборува за младите. Тој и владата на СДС и Заев уште еднаш се обидуваат да ја потценат интелегенцијата на младите во Република Македонија. Младите веќе го видоа вистинското лице на СДС и нема да дозволат да бидат излажани. Тие веќе ја видоа безобразната и лицемерна политика на СДС, Зоран Заев и Стефан Богоев. Богоев не може да ги изманипулира ниту младите, ниту карпошани. Карпошани знаат дека младиот олигарх Стефан Богоев нема да направи ништо добро за општина Карпош. Затоа карпошани нема да дозволат да бидат излажани и на 15-ти октомври СДС, Заев и Богоев ќе ја добијат казната за сите нивни лаги и манипулации“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.