| четврток, 6 декември 2018 |

Лекарката на чие дежурство починаа четири бебиња ќе работи под надзор и со помала плата

Докторката од скопската клиника за гинекологија на чие дежурство починаа четири новороденчиња, а таа не беше на работното место во тој момент, следните шест месеци ќе зема 30 отсто помала плата и ќе работи под надзор на друг специјалист, а ќе ѝ биде одземена и субспецијализацијата за неонатологија.  Oва е одлуката на дисциплинскатa комисија, формирана откако докторката за време на дежурството ја напушти Клиниката и се вратила дури откако и било јавено за случаите.  Oд Комисијата за стручен надзор претходно утврдија дека не се работи за лекарска грешка, но одлуката за дисциплинската мерка доаѓа откако случајот беше објaвен во јавноста.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top