Германската Слободна демократска партија (ФДП), која го држи клучот за формирање на четвртата Влада на Ангела Меркел, бара да се смени пристапот кон Грција и другите банкротирани членки на Европската унија, и да се воведе процедура за отстранување на Грција од Еврозоната.
Во интервју за германскиот весник „Ханделсблат”, кој денеска го пренесуваат грчките медиуми, лидерот Кристијан Линднер изјави дека менување на германската политика кон Грција е услов за влез на ФДП во коалиција со Меркел.
ФДП беше четврта на неодамнешните избори, со седум проценти од гласовите и 94 пратеници во Бундестагот, и е клучен дел од планираната коалиција која треба да биде предводена од демо-христијаните на Меркел.
Линднер го обвини досегашниот германски министер за финансии Волфганг Шојбле, дека бил премногу попустлив во преговорите со Грција, особено откако го одобри третиот пакет на финансиска помош. Шојбле се повлекува од фунцијата за да биде претседавач со Бундестагот, и Линднер инсистира неговата партија да го преземе Министерството за финансии во идната Влада.
Планот на Линднер за Грција, кој ФДП го промовираше и во тект на изборната кампања, предвидува нејзино отстранување од Еврозоната. Надвор од Еврозоната, Грција би можела да прогласи банкрот поради својот неодржлив долг, по што дел од долгот би можел да биде отпишан од страна на европските држави кои сега се главни грчки доверители. Иако надвор од Еврозоната, Грција сепак би можела да остане членка на Европската унија, оценува Линднер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст