Искористувајќи додека домаќините биле на работа, арамија се пуштил во акција и од стан во Скопје украл злато и пари.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера во перидот од осум до 16.30 часот арамија влегол во станот на А.С. на улицата Народен фронт во населбата Капиштец.
Арамијата насилно ја оштетил бравата од влезата врата и успеал да влезе во станот од каде што украл разновиден златен накит и 2.500 евра предизвикувајќи вкупна штета од 200.000 денари.
Скопската полиција трага по арамијата кој со богатиот плен избегал во непознат правец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



