Поранешниот италјански премиер Силвио Берлускони допатува во Сочи за да се сретне со својот пријател Владимир Путин по повод неговиот 65. роденден, а на рускиот претседател му подари рачно изработена слика на која тие двајца се ракуваат.
Оваа информација ја потврди и компанијата која ја изработи сликата на која се гледаат Берлускони и Путин а позади нив се прикажани најпрепознатливите туристички атракции на Италија и Русија – Колосеум во Рим и Црквата Василиј Блажен во Москва.
За потсетување, рускиот претседател Влдимир Путин го прослави својот 65 роденден, а во текот на денот доби бројни роденденски честититки, пораки и телеграми. И протести против неговото „вечно“ владеење во Русија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст