| четврток, 6 декември 2018 |

Претседателот на бугарската академија тврди – во Македонија живеат 1 милион Бугари

Во пресрет на почетокот на функционирањето на мешовитата бугарско – македонска комисија за историските спорни прашања, претседателот на Бугарската академија на науките и практиките (БАНИ) промовира нова книга од својата 10 – томна „Историја на Бугарите во Македонија, пишува порталот expres.mk.

Шефот на БАНИ Григор Велев во пресрет на промоцијата на своето „епохално дело“ во градот Русе вели дека се зафатил со ова дело затоа што „Македонија била и сеуште е неразделен дел од бугарската историска судбина.

Велев кој што ќе има директна улога во формирањето на комисијата која што ќе треба да ги надмине историските спорови меѓу Македонија и Бугарија смета дека повеќе од 2 милиони и 500 илјади Бугари во денешна Бугарија имаат крвна врска со граѓаните на Вардарска и Егејска Македонија.

„Го пишувам ова дело затоа што 7,500.000 Бугари, 1,100.000 вардарски Бугари и 250 илјади егејски Бугари имаат заеднички генетски код и затоа што силата и духот на нацијата се во криза а политичката елита е безродна и туѓа на националните идеали и кауза”, вели бугарскиот академик и шеф на БАН.

Според официјалната бугарска историографија не постои посебна Македонска нација а Македонците се измислица на Сталин и коминтерната по втората светска војна. Според бугарските тези Бугарија може да признае посебност на Македонците само по 1946 година а предходно целата историја се смета за заедничка односно Бугарска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top