Можно е поскапување на лебот и брашното по Нова година. Македонија годинава се соочи со драстично намалено производство на пченица во однос на изминатата година, кога имало 330.000 тони на производство на пченка.
Не подобра е ситуацијата и во соседна Србија и регионот од каде што претежно увезуваме лебно зрно и брашно. Експертите појаснуваат дека поради сушата и намалените приноси, цената на житото ќе оди нагоре и во светски рамки.
Млинарите велат дека земјава засега има и залихи од лани, но со намалената реколта годинава количините нема да ги задоволат годишните потреби на населението. Посочуваат дека берзанските цени на пченицата растат што ќе влијае на поскапување на финалните производи.
Засега зголемувањето на цената на пченицата на светските берзи не е драстично. Но за две до три недели кога ќе заврши и жетвата на пченката која е субститут на пченицата, ќе се знае дали ќе има поголеми флуктуации. Експертите велат дека и увозот на поскапа пченица од надвор неминовно ќе влијае на цената.
Од МЗШВ пак уверуваат дека нема да има дестабилизација на пазарот на лебното зрно ниту пак ќе поскапат пекарските производи, иако потврдуваат дека недостигот од над 100 000 тони за домашни потреби ќе се обезбеди преку увоз.
Поради лошите временски услови, годинава производството на пченица е намалено за 38 отсто во споредба со родот од минатата година.
Податоците го велат следново: Годинава родот во државава на житото е за 38 отсто помал во споредба со лани. Од домашно производство ќе се обезбедат 196.000 тони пченица, додека годишните потреби на Македонија се околу 300.000 тони. Недостатокот од околу 104.000 тони се очекува да се обезбедат преку увозот на пченица и брашно. Поради ваквите лоши беројки, Горан Милишиќ – претседател на мелничко – пекарска групација, вели дека е потребен петогодишен план за зголемување на количините и квалитетот на домашната пченица, која е стратешка култура и затоа мора најголем дел од потребите да ги обезбедуваме од домашно производство.
-Субвенционирањето да биде преку предаден килограм, во преработувачки или лиценциран откупувач. На тој начин ќе се принудат сите земјоделци да ја предаваат пченицата само кај овие откупувачи, што од друга страна ќе се овозможи класифицирање на пченицата по квалитет. А и субвенциите да бидат според квалитетот на пченицата, вели Милишиќ
-На овој начин вели Милишиќ, освен што ќе се натераат земјоделците да произведуваат квалитено лебно зрно, ќе се мотивираат да ги зголемуваат површините засеани со пченица. Заради ниската откупна цена од 11 денари по килограм, голем дел од земјоделците престанаа да садат жито, додава тој.
И НБРМ во последниот извештај потврдува дека берзанските цени на пченицата за годинава се ревидирани во нагорна насока. Се очекува повисок раст, во најголем дел поради очекувањата за помало производство како резултат на сушите во Европа и Австралија. За следната година се прогнозираат уште повисоки цени за житните култури.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст