Младиот Гоце Трајковски од битолско Драгожани е доказ дека кога нешто силно се посакува може и да се реализира. Неговата желба да има сопстевен бизнис се реализирала пред 5 години со отварањето на фарма со јапонски потполошки, пишува Бриф.
Пред да започне со овој бизнис, многу читал, се интересирал за ова производство, истражувал на интернет вакви примери и видел дека може да биде успешен семеен бизнис.
Се е негово, од идејата па до изработката на сите елементи потребни во фармата да дојде до бројка од 14 500 јапонски потполошки. Самоук, учел на сопствените грешки, од искуството, а сам ги изарботил и инкубаторот како и кафезите за потполошките.
Пласманот на свежи јајца е обезбеден но има и други идеи за финализирање на производот како и за искористеност на сите нус производи од јапонската потполошка, на пример изметот кој бил исклучително ценето и скапо ѓубриво.
Засега вели дека има поголема побарувачка од капацитетот на фармата и охрабрува и другите млади да почнат да се занимаат со овој агробизнис бидејќи има голема перспектива.
Во нашата земја, едно јајце од препелица чини од 6 до 8 денари, а една препелица се купува за половина евро. Во просек, една препелица на годишно ниво може да снесе околу 180 јајца што значи дека за иницијална инвестиција од 30 денари по препелица, добивате годишен износ од 1080 – 1440 денари.
Птицата на секои 16 часа носи по едно јајце. Но, најважната работа во носењето е тоа што јајцата мора да бидат оплодени од мажјак бидејќи јајцето од јапонска препелица, доколку не е оплодено од машка препелица, ги нема сите хемиски својства. Затоа на секои 4 женки задолжително е да се стави по еден здрав и активен мажјак за оплодување на јајцата.
Јајцата од препелица содржи пет пати повеќе фосфор, седум пати повеќе железо и десет пати повеќе витамини од обичното кокошкино јајце. Според хранливоста е 5 спрема 1, и ги нарекуваат природна енергетска бомба иако содржи само 15 калории. Јајцето на јапонската препелица има и лековити дејства. Со одредена терапија може да помогне во лекување на чир на желудник, зголемениот крвен притисок, неуредното варење, шеќерната болест, бронхијална астма, бронхитис, слабокрвност, мигрена, спречување од инфаркт на срцето, го намалува нервното растојание, го намалува холестеролот во крвта,допринесува за поубав тен на лицето па дури го зголемува и памтењето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст