Министерот за здравство на Тунис Слим Шакер почина денес од срцев по учеството на маратонот за собирање средства за борба против ракот, објави неговото министерство.
56-годишниот министер утрово во Навел истрчал 500 метри на маратонот организиран од здружение за собирање на пари за изградба на болница за деца заболени од рак, објави Министерството за здравство. Министерот одржал краток говор од каде се упатил во својот автомобил каде што му се слошило, за набргу потоа да почине во воената болница во градот Тунис.
“Загубив брат и колега”, напиша премиерот Јусеф Шахед на Фејсбук и додаде: “Тој замина извршуваќи ја својата должност, почина додека беше дел од хуманитарен чин”.
Сепак, на социјалните мрежи неговата смрт е окарактеризирана како дел од недостатоците на здравствениот систем на Тунис, системот кој на крајот не успеа да го спаси и него.
Слим Шакер во владата претходно беше министер за млади и спорт, а потоа и за финансии во 2016 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст