| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе го поддржам секој спортист и клуб во Ѓорче Петров, а во секое маало ќе изградиме и спортско игралиште

Проектите поврзани со спортот ми се посебно драги бидејќи планираме не само што ќе го поддржиме фудбалскиот клуб Македонија Ѓорче Перов и секој што би бил кандидат за градоначалник тоа би го направил и секако фудбалскиот клуб Волково, но и многу други спортови во Ѓорче Петров вели Владо Мисајловски кандидат за градоначалник на Ѓорче Петров од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
-Истото така ќе поддржиме и многу млади спортисти и во општината има одлични луѓе на кои им треба мала каписла и финансиска но и техничка за да успеат повеќе. Јас ќе го поддржам секој спортист во Ѓорче Петров доколку тој е талентиран и доколку сака да напредува во кариерата, но од друга страна сите оние спортови во Ѓорче да ги издигнеме на едно повисоко ниво, потенцираше Мисајловски.
Тој се надева и дека фудбалскиот клуб Македонија Ѓорче Петров ќе влезе во првата лига на Македонија.

-Многу ми е важно да имаме и нови содржини, нови игралишта во секое маало бидејќи јас сакам да се изградат нови кошаркарски игралишта во секое маало, но и да се реконструираат постоечките, а на секаде ќе се изградат и игралишта за најмалите дечиња, истакна Мисајловски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top