| четврток, 6 декември 2018 |

Зголемувањето на давачките значи и намалување на платите

Откако е стапната новата Влада нема стапнато нов странски инвеститор во Македонија. Притисокот што го прават врз странските инвеститори и ги гледаат како непожелни и како натрапници е само уште еден доказ за лошото работење и лажните ветувања на СДСМ.

Како доказ за тоа е манипулацијата која партијата на власт ја прикажа на јавноста со САНОС кога извадија автобус и најавија дека почна големо производство и дека ќе се извезува за цел свет. За лицемерното работење на новата Влада зборуваше и лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Никола Груевски на еден од изминативе одржани митинзи каде потсети и дека лажно се најавуваше и просечна плата од 500 евра и дека наместо просечната плата да расте таа опадна за 420 денари.

-Ниту пак домашни инвеститори направија нешто за нив и кога тоа тие го видоа отидоа со интрига и отидоа во поранешното 11 октомври кое сега се вика Санос и извадија некој автобус се сликаа во него и рекоа дека почна работата и големо производство и дека сега ќе се извезува за цел свет, потоа отидоа новинарите и забележаа сосема друга слика и пајажина со тројца вработени. Помрачувањето во економијата се гледа во многу сфери, нели на сите граѓани ветуваа 500 евра просечна плата, да ве прашам добивте ли просечна плата од 500 евра? Не и не само тоа во првите четири месеци наместо просечната плата да расте таа опадна за 420 денари, а денес се објави и нов пад на индустриското производство во месец август годинава за цели 12 проценти наспроти август минатата година кога бевме во тешка политичка криза и рацете ни беа врзани во пресрет на изборите, вели Груевски.

Тој додава дека ги запреа сите градежни проекти од гнев кон нив и од желба да го прикажат понатаму како да тие го изградиле, а не владата на ВМРО-ДПМНЕ.

-Тие најавија зголемување на даноците и тоа: зголемување на персоналниот данок, придонесите на платите и пензиите, зголемување на данокот на добивка и наместо тие да инвестираат за нови инвестиции и да отвораат нови работни места тие ќе им земаат за да го трошат на разни работи. Зголемувањето на давачките ќе значи и намалување на платите и во државниот сектор и во приватниот сектор и сето тоа што го прават се гледа и во земјоделието и во сите сфери. Тие ветуваа за земјоделците 10 проценти поголеми субвенции пред изборите, но сега нема ништо од тоа, ама има нова мерка, сите земјоделци кои што немало да имаат принос во минатата година нема да добијат субвенции за следната година, истакна Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top