Крвната група може многу нешта да открие во врска со нас. Според најновите истражувања од тоа зависи колкави се шансите за некој да стане алкохоличар, да развие опсесивно – компулсивно нарушување и т.н.
Која е вашата крвна група – А, Б, АБ или 0? Научниците велат дека од тоа може да зависи во кој правец ќе ни оди животот и со што можеме да имаме повеќе проблеми од луѓето кои имаат други крвни групи.
Ова се петте научни теории:
1. МАГНЕТИ ЗА КОМАРЦИ
Луѓето со крвна група 0 се двојно почесто мета на комарците, тврдат истражувачите од Јапонија. И покрај тоа луѓето со оваа крвна група имаат помалку шанси да заболат од најсмртоносен облик на маларија – болест која ја пренесуваат токму комарците.
2. ДОБРО ИЛИ ЛОШО ВАРЕЊЕ
Бактериите во цревата и тоа како влијае на квалитетот на животот, бидејќи лошото варење го нарушува здравјето. Истражувачите откриле дека е можно да се поделат во три различни категории, во зависност оф крвната група. Сепак, своето тврдење го немаат докажано се уште. Сепак, стручњаците од Финска сметаат дека постои одредена поврзаност помеѓу крвните групи и специфичните видови бактерии кои живејат во цревата. Кога би имале цврсти докази за тоа, тогаш докторите би можеле да препорачаат одреден вид на исхрана во зависност од тоа која крвна група е пациентот.
3. СКЛОНОСТ КОН АЛКОХОЛИЗАМ
Некои студии од 70-те и 80 – те години од минатиот век пронашле слаба поврзаност на крвната група А со алкохолизмот. Друго истражување, пак, ги довело во врска антигените со проблемот со зависност од алкохолот. Според нив, антигените А можат да ја променат реакцијата на мунолошкиот систем кон интоксикацијата. Покрај тоа, 50% ризик од појавата на алкохолизам поттекнува од генетските фактори.
4. НАЈСЛАБИ НА СТРЕС
Луѓето со крвна група Б најмногу се погодени од стресот, велат во Американската служба за воени ветерани. Тоа го објаснуваат со тоа што нивото на кортизол (хормонот на стрес) е повисоко кај луѓето од таа група отколку кај другите.
5. НАЈСКЛОНИ КОН ОПСЕСИВНО – КОМПУЛСИВНО НАРУШУВАЊЕ (ОКН).
Во списанието Neuropsychobiology била објавена судија која покажувала како луѓетп кои имаат крвна група А се најсклони кон развивање на ОКН нарушување во однесувањето, но исто така додале и дека оваа теорија треба се уште да ја истражуваат. Стручњаци од Јапонија пронашле поврзаност помеѓу оваа крвна група и работливоста и покрај заморот и фрустраците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст