| четврток, 6 декември 2018 |

Сашко Коцев стана татко

Нашиот познат актер Сашко Коцев и неговата сопруга Смиљана денеска добија син. Со тоа е крунисана долгогодишната љубов на овој познат македонски пар.

Тие денеска станаа родители, откако Смиљана се породи во една од скопските болници. Сашко ја побара Смиљана за жена пред неколку години на Златна Бубамара на популарноста, кога пред телевизиските камери направи вистинска мала претстава.

Таа рече ДА, а сега нивното семејство е збогатено за уште еден член.

Нека им е честито!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top