| четврток, 6 декември 2018 |

Данев: Недостасуваат 34.598 учебници за учениците во основно

Учебната година почна, а нема бесплатни учебници за учениците. Додека народните пари се трошат на луксузирањата на министрите и на партиски вработувања, нашите деца немаат учебници од кои што треба да учат, изјави денес Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

Данев вели дека СДС во текот на изборите ветуваше подобро образование и квалитетна настава. СДС вети, СДС излажа!

– СДС ги остави основците без учебници. Недостасуваат 34.598 учебници. Недостасуваат 2.674 учебници во основните училишта во општина Карпош, 6.446 во Аеродром, 10.203 во Прилеп, 4.067 во Гевгелија, 3.489 во Гостивар, 5.880 во Кисела Вода, 1.044 во Маврово и Ростуше, 150 во Василево, 160 во Новаци, 485 во Кочани, недостасуваат учебници во скоро сите општини низ државата. Бараме образложение од МОН. Зошто учениците немаат бесплатни учебници? Кој ќе ја надомести штетата? Каде се парите за учебниците? До кога ќе се чека?, прашува Данев.

Тој посочува дека токму затоа на претстојните локални избори на 15-ти октомври, граѓаните ќе ги казнат СДС за празните ветувања и манипулации, и нивното неодговорно владеење.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top