| четврток, 6 декември 2018 |

Тешка кражба во куќа во Битола

Непознат сторител синоќа од куќа во Битола украл разновиден накит и пари, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 500.000 денари.

Како што соопшти МВР, синоќа во периодот од 11.30 до 00.15 часот во Битола на улица „Питу Гули“ во станот на В.Ј. (1960), непознат сторител извршил кражба, при што одзел 225.000 денари, 1,300 евра, 800 американски долари, 450 швајцарски франци и разновиден златен и сребрен накит.

Сторителот ја отклучил влезната врата, влегол во станот, извршил пребарување во спалната соба и одзел метален сеф, во кој биле парите и накитот, по што го напуштил местото.

Увид на лице место извршила екипа од Секторот за внатрешни работи -Битола и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top