| четврток, 6 декември 2018 |

Девојката на Зоран нашла решение, еве кој ќе го извади од затвор

Зорица Зока Митровиќ, девојката на Зоран Марјановиќ, уапсен поради сомнение дека на 2. април 2016 година ја убил својата сопруга Јелена Марјановиќ, преку еден познат политичар се обидува да му помогне на Зоран, да го извлече од затвор и додека е таму да има што е можно подобри услови, дознава српскиот портал Ало. Политичарот, наводно ѝ ветил дека ќе стори сѐ што може за случајот Марјановиќ.

Таа со раце и нозе копа за да го извлече својот сакан од затвор. Не само што му пружа морална поддршка, туку и бара начин за да му помогне.

Како што пренесуваат српските медиумите, тој политичар му помогнал на нејзиниот брат да се извлече од притвор. Штом Зоран бил уапсен таа веднаш се обратила кај тој моќен човек, па останува да видиме дали ова ќе успее.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top