| четврток, 6 декември 2018 |

Ким Јонг – ун: Нашето нуклеарно оружје е моќна, застрашувачка сила

Севернокорејскиот лидер Ким Jонг-ун изјави дека нивното нуклеарно оружје е „моќна, застрашувачка сила”, што гарантира сувереност на Северна Кореја, објавија државните медиуми, неколку часа откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „само една работа“ ќе има ефект при соочување со Северна Кореја.

Во синоќешниот говор на состанок на ЦК на владејачката Работничка партија, државните медиуми објавија дека Ким се осврнал на „сложената меѓународна ситуација”.

– Нуклеарното оружје на Северна Кореја е “моќна, застрашувачка сила што цврсто го штити мирот и безбедноста на Корејскиот полуостров и Североисточна Азија”, рекол Ким, осврнувајќи се на “долготрајните нуклеарни закани на американските империјалисти”.

– Националната економија има раст оваа година, и покрај санкциите, навел Ким во врска со резолуциите на СБ на ОН со кои се воведоа санкции против режимот во Пјонгјаг заради нуклеарната и ракетна програма.

На состанокот се направени и неколку персонални промени во власта. Сестрата на Ким, Ким Јо Jонг (30) е назначена за заменик член на Политбирото, највисоко тело со кое претседава претседателот на државата, јавуваат јужнокорејски медиуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top