По барање на обвинителството и со судски налог, а со асистенција на полицијата, социјални работници вчера влегоа во станот на улица Димче Лахчански во Битола каде мајка цели 13 години ги чувала двете ќерки во изолација, јави ТВ Тера.
Овој пат влегувањето било со кршење на вратата, a ќерките и мајката со медицински возила биле пренесени в болница.
На ќерките им е пружена медицинска помош, и им било кажано да останат во болница на лекарски надзор, но тие одбиле и барале повторно да се вратат во станот.
Минатиот месец социјални работници од Центарот за социјални работи од Битола имаа обид да влезат во станот каде што живееле двете ќерки и нивната мајка. Но, тогаш како што рекоа никој не им отварал, а тие без налог немаат право да влезат во домот.
Неколку дена подоцна воспоставиле контакт со мајката, но преку затворена врата, кога им било кажано дека биле добри и не им требала никаква помош.
Ќерките се на возраст над 30 години. По смртта на таткото во 2004 година, мајката ги заклучила и не дозволува никаков контакт со надворешниот свет. Соседите велеа дека неколку пати го пријавувале случајот.
На социјалните работници од поодамна им би познат случајот, а тие велат дека работеле на овој предмет и постапувале по него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст