Двaјца полицајци се суспендирани, откако претепале крадец во парфимерија во Трговскиот центар Лептокарија во Скопје. Настанот се случил на 28 септември при редовно извршување на мотопатролна служба, кога полицајците Р.Б. и В.Н. од Полициската станица Карпош го затекнале А.Р. при извршување на тешка кражба во парфимеријата.
„При интервенцијата, полициските службеници несразмерно употребиле физичка сила врз сторителот, од што тој се здобил со тешки телесни повреди во пределот на лицето и телото. Со возило на Итната медицинска помош А.Р. е пренесен во Ургентен центар-Скопје, а поради сериозноста на повредите е задржан за понатамошно лекување“, информираат од МВР.
За настанот веднаш е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР, кој веднаш го известил и Основното јавно обвинителство Скопје. По издадените наредби на јавниот обвинител, преземени се мерки и дејствија за расчистување на случајот.
Поради утврдено пречекорување на овластувањата, против полицајците е поведена постапка за утврдување на дисциплинска одговорност и тие се суспендирани од работните места до завршување на постапката.
„Министерството за внатрешни работи нема да толерира вакви настани и ќе ги преземе сите мерки полициските службеници што употребиле прекумерна сила да бидат казнети според законот. За жал, овој случај укажува дека се потребни темелни реформи и вработување на вистински професионалци, како и поставување и почитување на строги критериуми при вработувањето и унапредувањето на вработените во Министерството“, велат од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пијани полицајци ѝ дозволиле на својата малолетна другарка да вози „марица“ (видео)
-
Нова сообраќајка на местото каде загинаа двајцата косовски полицајци
-
Охрид СОС обвинува: Некадарни полицајци депортирале научник со меѓународно реноме, бремена во петиот месец
-
Дваесет и двегодишен велешанец им се заканувал на доктори и нападнал полицајци