На првиот митинг денеска на ВМРО-ДПМНЕ во Кратово, пред кратовчани се обрати и Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Груевски говореше и за она што било сработено во Кратово. Како што кажа тој се инвестирало во инфраструктурата.
-Извршивме реконструкција на регионалните патишта од Шопско Рударе до Коњух и од Страцин до Пробиштип. Го саниравме свлечиштето кај регионалниот пат Кратово – Пробиштип и свлечиштето кај село Железница. Ја изградивме патната делница Коњух – Бељаковце која е дел од патот Кратово – Куманово. Афалтирани се повеќе локални патишта како оној од Секулица до Шопско Рударе, локален пат во Трновец, патот Вак’в – Шопско Рударе, Шопско Рударе – Манастир Петти кладенци, Туралево – Манастир Света Петка Параскева. Завршивме со реконструирањето на локалните патишта Кратово-Железница, а во завршна фаза е и Каврак- Брана Кнежево, изјави Груевски.
Груевски кажа дека асфалтирана била улицата од Кетеново до локалитетот „Камени Кукли“, дека изграден бил новиот градски пазар.
-Изградивме нов водовод од Сакулица до Шопско Рудари. Ја реконструиравме водоводната мрежа во Железница, изградивме нов резервоар за средна зона во Кратово и таложник во Црни Врв. Изградивме колекторски систем на речното корито на река Кратовска со вредност од 890 илјади евра, изградивме мост на Крива Река во населеното место Куклица. Завршена е и канализацијата во Туралево и Страцин, како и краци за канализација во Кетеново. Направивме реконструкции на 4 училишта и ја завршивме изградбата на спортската сала на училиштето Кочо Рацин. Направивме целосна обнова и конзервација на фасади на објекти од старата градска архитектура, ја саниравме и реставриравме Златкова кула, извршивме реконструкција на кино салата во Кратово, изјави Груевски.
Тој кажа дека изградиле еден тениски терен и две повеќенаменски игралишта во Крилатица и Кетеново со вредност од 24 милиони денари. Изградено било и фудбалското игралиште во Кратово, во вредност од 24 милиони денар, како и велосипедската патека од Шлегово до спортски терени во местот Сланушка.
-Продолжуваме да ја следиме нашата патека, со ваша целосна поддршка, со истата љубов и посветеност како првиот ден. Искрено верувам дека изборите на 15 октомври ќе завршат со најдобрите резултати за нашата Македонија. Нашиот народ ќе дојде до соодветни услуги, услуги какви што заслужува, изјави Груевски
Тој кажа дека новата ера на ВМРО-ДПМНЕ носи многу проекти за оваа општина. Тој напомена дека општината ќе направи напори за изградба на локалниот пат Кратово-Горно Кратово-Каврак и санација на свлечиштето на регионалниот пат Кратово- Страцин.
-Ќе бидат реконструирани улиците во населбите Мусала, Вршник, Лозја, Млачки пат, а ќе бидат реконструирани и улиците Вера Јоциќ и Кочо Рацин. Ќе го доизградиме веќе започнатото секундарно поврзување на водоводната мрежа во Кратово, предвидуваме изградба на нова детска градинка во Кратово, планираме реконструкција на ОУ „Кочо Рацин, надградба и доградба на училишната зграда, ќе биде направена реконструкција на средното училиште Митко Пенџуклиски, а ќе биде реконструирано и основно училиште во Коњух, изјави Груевски.
Тој напомена и дека Кратово ќе работи на отварање на зона на занаетчиска индустрија, а со посебен акцент на сувенирска работилница.Планирана е и реконструкција на зградата „Кристало-граверница“.Планирана е реконструкција на спортскиот објект „Соколана“ со цел отворање на младински културно – рекреативен центар и ќе се обезбедат услови за отворање и започнување со работа на клуб за пензионерите. Планирана е реконструкција на спортскиот терен во Шлегово и Туралево, односно поставање нова асфалтна подлога и поставување соодветни модерни спортски реквизити.
-Ќе бидат изградени 4 детски игралишта. Општината ќе работи и на подготовка на урбанистички план за отворање на туристички центар на браната Злетовица- Кнежево и ќе донесе Урбанистички план за изградба на зимско спортски рекреативен центар Лисец. Планирана е реконструкција на Домот на култура “Лазар Софијанов”, изјави Груевски.
Груевски кажа дека гаранција дека сето ова ќе се исполни е Мите Андоновски, за кој како што вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, се трудеше со сите сили да гради и создава, иако раководеше со општина чиј буџет е ограничен тој направи проекти кои им служат на граѓаните. Груевски порача дека тој заедно со носителот на советничката листа Горан Ристовски, се добитничката комбинација која ќе направи многу за општина Кратово.
-Не се бориме само да победиме, туку и да ги освоиме вашите срца и мисли. Не се бориме само да ги управуваме општините, туку се стремиме и понатаму да им служиме на нашите градови и луѓе, изјави Груевски.
Тој кажа дека сакаат да градат градови во кои сите ќе живеат во мир, спокојство и среќа.
-Ваша е одлуката. Од вас зависи иднината на Македонија. Ставете крај на помрачувањето и да одиме заеднички гордо напред. Да ја развиваме Македонија, да ја модернизираме, да реализираме проекти кои што ќе бидат од ваш интерес, од интерес на Македонија. Затоа на сите страни, градови и региони во Македонија, ние велиме само едно, со сите наши луѓе како еден човек, со едно срце, во еден глас: Секогаш работа, секогаш Македонија, порача Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


