| четврток, 6 декември 2018 |

Сибирскиот Исус: Сообраќаец дал отказ за да биде месија

Сергеј Тороп, кој живее во Сибир, дал отказ како сообраќаен полицаец, бидејќи е убеден дека е реинкарнација на Исус Христос.

Ја пуштил косата и брадата, носи сандали над чорапите и бела наметка. Тој ја основал Црквата на последниот завет. Поранешен војник на Црвената армија кој тврди дека да повторно се родил во 1991 година (има 56 години), сега е духовен водач на најмалку 5.000 луѓе кои го следат и живеат со него во селото Petropavlovka.

Тие се откажаа од своите животи за да го следат Сергеј, вегани се, а пушењето, алкохолот и парите се забранети. Околу 300 од нив живеат во дрвени колиби во едно село кое никна околу црквата која не е обележана во ниедна мапа.

Илјадници се доселиле во близина на ова место за да бидат во близина на месијата. Знакот за молитвата го означува ѕвонењето три пати на ден. Верниците клекнуваат на колена и се молат.

Сергеј го поминува сликајќи во една планинска кабина, каде што живее со неговата сопруга и шесте деца, од кои едно е усвоено.

По армијата, Сергеј работел како сообраќаен полицаец во ноќни смени. Како што вели, нешто се разбудило во него и знаел дека е реинкарнација на Христос. Тој посочи дека Бог го испратил на земјата за да ги учи луѓето за злото на војните и хаосот што ние го правиме со животната средина.

Во текот на изминатите години, тој отпатува за Франција, Италија и Холандија за да добие нови следбеници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top