| четврток, 6 декември 2018 |

Претставата „Мечка“ премиерно во Театар Комедија

Претставата „Мечка“ од А.П.Чехов во режија на Димче Николовски вечер премиерно ќе биде изведена во Театар Комедија.

Сценографијата е на Сергеј Светозарев и Милан Несторов, костимографијата на Марта Дојчиновска, а музиката е на Димитар Андоновски.

Во претставата играат Жарко Димоски во улогата на Смирнов, Жаклина Петровска во улогата на Попова и Илија Илиоски во улогата на Лука.

Од Театар Комедија информираа дека до крајот на годинава ќе имаат уште две премиери и тоа во ноември и декември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top