| четврток, 6 декември 2018 |

Андрија Милошевиќ сите не засмејува, но ретко кој ја знае неговата тажна приказна

Актерот Андрија Милошевиќ денес ги смее сите, има одлична смисла за хумор и е сензација каде и да се појави. Сепак, малкумина знаат дека зад себе има 39. години живот и 23. години работен стаж.

Ретко зборува за приватноста, но сепак во ретки прилики има раскажано дека на 14. години го напуштил семејниот дом и продавал весници, борејќи се да се запише на Академијата за глума.

Тој вели живеел во сиромашно семејство во кое не се издржувало повеќе.

Открива дека немал погледнато ниедна претстава, а се запишал на Академијата. Вели кога почнал да глуми платата му била 210 евра, а 200 плаќал кирија. Потоа среќата му се насмевнала и конечно може да се пофали со успешна кариера.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top