| четврток, 6 декември 2018 |

Ристески за противкандидатот Јованоски: Ако продолжи вака да ветува, четири државни буџети нема да му стасаат за Прилеп

Од страна на СДСМ, рече Марјан Ристески, кандидат за градоначалник на Прилеп, вечерва пред прилепчани, ниту еднаш не било покажано доблест нешто да се пофали. Тие, според него, само критикуваат и даваат нереални ветувања и им порача дека затоа ќе изгубат на изборите.

Не можеа до последно да се договорат за кандидат за градоначалник гледајќи ги рејтинзите и плашејќи се од сето она што е сработено досега во градот. Па кандидираа 63- годишен човек кој освен што земал плата овие 5 години како советник не ги научил ниту основните функции на работењето на советот и општината. Па овие денови се изнаслушавме глупости од негова страна кои немаат допирна точка ниту со реалноста ниту со функционирањето на локалната самоуправа. Противкандидатот ако продолжи вака со ветувања 4 државни буџети нема да му стасаат за Прилеп. Од тука се гледа колку е реалната намера да се направи нешто за Прилеп од нивна страна и колку со потценување влегуваат во сето тоа спрема сопствениот народ. Ете затоа народот ќе ги казни на овие избори.Истиот тој човек наводно ќе се залагал за младите, а од повеќе кандидати за градоначалник, меѓу кои и млади луѓе, токму тој му го зеде местото на младите како кандидат за градоначалник од нивната партија. Човек кој што вели дека немало да дозволи младите да заминуваат во странство, а покрај добрата ситуираност своите деца ги пуштил во странство. Кое лицемерие. Вака ли г-дине Јованоски со личен пример ќе ги враќаме младите назад ? Од вашата погрешна политика со години наназад младите заминуваа од градот. Штетните последици кои вие ги оставивте и вашата партија се уште ги лечиме со отворање на нови инвестиции и работни места за младите луѓе, а еве слушаме повторно дека ќе ги бркате инвеститорите. Така ли ќе ги задржиме младите, рече Ристески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top