Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Прилеп, Марјан Ристески, се заколна пред прилепчани дека како што застана на браникот на татковината во 2001 година, така ќе застане и на чело на Прилеп во одбрана на заедничките интереси за да не се населат мигранти во општината.
–Нема да дозволиме да им ги скратуваат субвенциите и да ги понижуваат земјоделците како што го правеа тоа во минатото, а веќе го најавуваат. Нема да дозволиме да ги бркаат странските инвеститори и да ги уништуваат домашните компании и економија бидеќи не се далеку од сеќавањето на прилепчани за најлошата транзиција во историјата од нивно време. Викаат дека ќе го врателе сјајот на Прилеп, животот ќе се врател, а јас да ги потсетам каков беше животот и сјајот во Прилеп во нивно време. 40.000 невработени, 65% неасфалтиран град, град без капка вода со месеци, град без канализација, без осветлување, град без плоштади паркови и зеленила, уништени училишта, уништени села, без игралишта, без спортски сали и инфраструктура. Во нивно време беше град кој важеше за најголема депонија со најруинирана ромска населба во Македонија. Град без културни и спортски манифестации, град без идентитет и уништени симболи, нивното време е време на очај и на безизлезност посебно кај младите луѓе, порача Ристески.
Денес Прилеп има доживеано целосна преобразба. Низа проекти го направија посакуван за живеење и посетување.
–За наша голема среќа, а за нивна политичка фрустрација денес Прилеп е град на странски инвестиции, нови индустриски зони, рекордно намалување на невработеноста и развој на домашните компании. Град со најдобра патна, водоводна и канализациона инфраструктура. Денес Прилеп е најчистиот и најеколошки град во Македонија. Град кој доби над 200.000 м2 нови парковски површини. Образованието е нашата гордост, нема училиште на територијата на општина Прилеп што не е комплетно реновирано. Град со нови спортски сали и нови терени. Град на фестивали, манифестации и спортски настани. Денес прилеп е град со идентитет, град на горди прилепчани. Прилеп денес е град пример за соживот на македонското, ромското и турското население. Заедно со сите вас почитувани сограѓани се вградивме во проектот наречен – Прилеп европски град. Транспарентното, отчетно и домаќинско работење беа главен приоритет на нашето фунционирање. Така ќе продолжиме и понатаму. Смешно е кога политичкиот противник ги држи нивните прес-конференции во било кој дел на градот и населените места, каде и да погледнат и лево и десно и горе и долу, сето тоа се проекти реализирани од оваа локална самоуправа и од Владата на ВМРО-ДПМНЕ чело со претседателот Никола Груевски, рече Ристески.
Вети дека ќе продолжи со реализација на идни капитални проекти кои ќе го подобрат живеењето во градот и населените места.
–Во наредните 4 години ќе продолжиме со носење на нови домашни и странски инвестиции и дооформување на индустриските парцели. Ветувам во наредните години 5 до 7.000 нови вработувања во градот под Марковите кули. Прилеп град со ниска стапка на невработеност, Прилеп перспективен град за млади. Во наредните 4 години ветуваме гасификација на Прилеп, која ја започна владата на ВМРО-ДПМНЕ, а од која благодет ќе имаат сите граѓани и стопанството. Продолжување на фабриката за секундарна селекција на отпад и компостара со крајна цел производство на електрична енергија и биогас – прва од таков вид во Македонија. Субвенционирање на велосипеди и набавка на електрични возила за чиста животна средина. Нова фасада на бизнис центарот и рибниот ресторан за да бидат огледало, а не срам за градот. Субвенционирање на фасади и влезни врати со домофони за колективните станбени згради, моќни и ефикасни јавни претпријатија во служба на граѓаните. Градски пазар, соларна централа за производство на електрична енергија за потребите на граѓаните и локалната самоуправа. Ќе отвориме 4 нови градинки и ќе го зголемиме нивниот капацитет за 600 деца, потенцира Ристески.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст