| четврток, 6 декември 2018 |

Уште 120 дечиња во Аеродром ќе добијат градинка

Вечерва во Реонски центар – Аеродром на средбата со граѓаните кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Аеродром ги промовираше проектите предвидени во изборната програма за оваа населба.
Како еден од поважните проекти меѓу нив е изградбата на нова детска градинка во рамки на градинката „Сонце“. Новиот објект ќе има четири нови занимални и зголемување на капацитетот за згрижување на уште 120 деца.
Исто така, во изборната програма за претстојните локални избори се предвидени и други проекти во Реонски центар меѓу кои – изградба на пешачка патека што ќе го поврзе со населба Лисиче, изградба на репрезентативна општинска зграда за потребите на општинската администрација, како и поставување на хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација пред ОУ „Александар Македонски“ и градинката „Сонце“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top