СДСМ одржа митинг на „Градскиот плоштад“ во Берово, но за воља на вистината тој се вика плоштад „Димитар Беровски“. Ова не е случајно, бидејќи СДСМ очигледно најави и промена на името на плоштадот, реагираат граѓани на општината.
Порталот ovaeberovo.mk еден ден по одржаниот митинг пишуваше дека и покрај бројните киксови, фатални грешки и авто-голови на говорниците на СДСМ на бината поставена на градскиот плоштад „Димитар Беровски“ воочливо било што СДСМ најавува менување на името на плоштадот.
-Ова е летокот со кој СДСМ го најавуваа и промовираа својот фамозен митинг. Дали тоа зборува дека вие „господа“ од СДСМ најавувајќи го местото на настанот со САМО градски плоштад, се срамите да го кажете вистинското име-плоштад Димитар Беровски?! (инаку именуван по гордоста на малешевци, деецот и организаторот на Разловечкото и Кресненското Востание и борец за независна Македонија) Дали тоа зборува и најавува дека вие предводници на СДСМ како се што сакате да прекрстите и да преименувате и плоштадот Димитар Беровски ќе сакате да се преименува?! Одговорот и не ни’ е потребен зошто вашите намери се веќе јасно видливи. Добро, па тоа и не е баш некое изненадување! Вие кои може да ја виткате кичмата и за циркуски претстави и за прашања свети за македонскиот народ како националниот идентитет, име и јазик, ќе ги почитувате делата на дејците и борците за денешната суверена и независна Република Македонија-апсурд! Вие за кои Македонија не постои пред 1991 год, кои не признавате ни историја, ни традиција, ни вековност, ниту имате чувство за припадност и националност, кои склучувате секакви гнасни и подмолни договори и и’ плетете свилен гајтан околу вратот на оваа земја Македонија, треба да знаете само едно: Македонија е исконска, Македонија е од Бога создадена и нема залудно да бидат пролеани крвавите солзи на мајките кои ги загубиле своите чеда за мајката Македонија! Крвта на паднатите чеда ја горат и палат с’ржта на ова парче земја, под ова сино небо, под ова жолто сонце, за правдина, за борба за опстанок на народот кој повикува и моли кон Бога да не бидат залудни неговите жртви, да не угине името вековно! И порака до вас, Бог ја чува Македонија, а народот ја брани! Така ќе биде и на 15-ти Октомври кога народот ќе се сети на сите ваши „величенствени дела“ и ќе им каже едно големо НЕ на вашите планови за нашите домови, за нашето име, за иднината на нашите деца, порачуваат граѓаните на Берово преку порталот „Ова е Берово“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст