Адвокатите имаат уште триесет дена за да набават фискални апарати оти од денеска стапува во сила Законот за престанување на важењето на Законот за адвокатски маркички, а со тоа и обврската да издаваат фискални сметки за своите услуги.
Адвокатската комора на Македонија ги потсетува членовите дека набавката на фискалните апарати треба да ја завршат за 30 дена.
„При набавката препорачуваме да се има во предвид фискалниот апарат да има можност за надоградба со GPRS уред, со оглед што од 01.01.2014 година тој уред ќе биде задолжителен“, стои во препораката објавена на веб-страницата на Адвокатската комора.
Според извршените консултации кои ги направила Комората, на фискалната сметка како опис ќе стои авокатски услуги и износот кој го платил клиентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.