По сè што прочитав за мене и за новата песна на социјалните мрежи, да бев полабилна ќе помислев на самоубиство, вели Елена Ристеска во интервју за „Репортер“ за фамата штос е крена по објавувањето на спотот на новата песна.
-Јас сум 15 години на сцената. Го поминав ова и со ‘Нинанајна’ кога требаше да оди на ‘Евросонг’. И тогаш се крена фама, а песната имаше голем успех , плус е препеана на неколку јазици“, раскажува Елена.
„Лимон и текила“ е по нарачка на руски менаџер. Не било планирано да се пушти во Македонија. Елена инсистирала, сепак, прво да се промовира кај нас. Таа открива дека освен верзијата со Емина Јаховиќ, наскоро ќе снима и шпанска верзија, по што треба да потпише договор со шпанската продуцентска куќа „Сони“.
-Овде, кај нас, ми е како тест-нација. Сè што не поминало добро тука, поминало надвор. Фановите многу ме поддржаа, и колегите, а и новинарите. Никој не ми ја подметна песнава, јас работам со истиот тим 15 години и сама избирам што ќе пеам, вели поп-пејачката. Елена вели дека станува збор за реге-песна, а не народна, како што се пишуваше.
-Сепак, предизвикувам внимание без па платам некому или да замолам да ме објават. Па искрено, ми годи вниманието што го предизвика мојата нова песна, додава Ристеска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.