| четврток, 6 декември 2018 |

Ристески вети гасификација на Прилеп и нови инвестиции

Прилеп за година и пол ќе биде опфатен со гасификација каде што компаниите и домаќинствата ќе може да го користат овој природен енергенс. Изградена е делницата на гасоводот до Штип – Неготино, а во наредниот период треба да продолжи делницата Неготино – Битола, преку Кавадарци и Прилеп во должина од 92 километри и во вредност од 37 милиони евра, изјави на денешната прес-конференција кандидатот за градоначалник на Прилеп, Марјан Ристески.

Според него, досега гасоводната цевка е стасана до Беловодица. „Проектот започна со претходната Влада на ВМРО –ДПМНЕ и треба да биде завршена до крајот на 2018 година. Истражувањето на пазарот беше направено преку Економскиот совет на град Прилеп, Стопанските комори и Регионалната занаетчиската комора каде се увиде интересот за гасификација и нивните потреби за нов енергенс. Ова ќе биде значаен капитален проект за Прилеп, за домаќинствата и посебно за развојот на економијата зошто преку обезбедувањето поевтини енергенси и заштита на животната средина ќе се овозможи поголема конкурентност на прилепските компании и подобар квалитет на живеење“, додаде Ристески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top