| четврток, 6 декември 2018 |

Од понеделник повисоки цени на горивата?

benzin poskapuvanje

Во понеделник нѐ очкуваат нови цени на бензините и на дизел-горивата. Регулаторната комисија за енергетика треба да ги соопшти цените по кои од вторник на полноќ ќе ги полниме резервоарите на нашите возила. Ако се има предвид движењето на цените на суровата нафта на светските берзи во изминативе две недели, мало покачување на цените не треба да биде изненадување.

Цената на суровата нафта се задржа во средата на лондонската берза околу 103 долари за барел, и покрај неочекуваниот пораст на резервите на нафта во САД и намалените прогнози за раст на светската побарувачка за нафта.

Цената на барел сурова нафта на берзата во Лондон во средата најнапред падна на 102,23 долари, но потоа закрепна на 103,33 долари. На 3 јуни кога Регулаторната комисија за енергетика ја одредуваше последната цена на нафтените деривати, цената на суровата нафта на светските берзи беше 102.125 долари за барел.

Тогаш малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемија за 1 денар по литар  во однос на цените утврдени во согласност со одлуката од 20 мај. Така цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 во моментов се точи за 80,00 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 за 81,50 денари. Малопродажната цена на  ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се промени, па на бензинските пумпи се точи за 67,5 денари за литар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top