| четврток, 6 декември 2018 |

Седум намирници кои помогнат да се спречи мигрената

Пред веднаш да посегнете по разни таблети, погледнете кои природни лекови ги имате во вашата кујна. Мигрената е една од најболните и најмачните болести која ги погодува луѓето и најчесто се употребуваат силни лекови како би ги преживеале силните напади на болка.

Едно истражување неодамна покажало дека честата употреба на бруфен може да доведе до оштетување на слухот, па пред да посегнете по таблетите погледнете што имате дома од природни лекови и употребете ги.

Ѓумбир

Ѓумбирот прави чуда. Можете да измешате сок од ѓумбир и лимон или само чај од ѓумбир за да ви ја намали болката. Постои голема шанса да ги блокира неуротрансмитерите кои играат голема улога во задавањето на болка. Не само што ќе ви ја намали болката туку ќе ја намали и мачнината која обично е пропратена со силни главоболки.

Кафе

Мала доза кофеин може да направи болката да исчезне. Но, доколку сте зависник од кофеин ова нема да ви биде од голема помош.

Јогурт

Високото ниво на рибофлавин во јогуртот ја намалува болката. Исто така, ги активира бета блокаторите кои ја спречуваат мигрената.

Јајца

Тие се богати со витаминот Б како и јогуртот. Доколку страдате од мигрена, веднаш вклучете ги јајцата во вашата исхрана.

Спанаќ

Се смета дека магнезиумот има благотворно дејство врз мигрената. Во една шолја спанаќ има 24 милиграми магнезиум.

Сок од грозје

Свеж сок од грозје може да ја ублажи болката, а треба да пиете минимум две чаши дневно за да бидете хидрирани.

Лубеница

Исто и лубеницата е добра во борбата со главоболка. Можете да го јадете ова овошје или да направите сок од лубеница во кој ќе можете да додадете и една краставица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top