Жулиета Максудова, триесет и деветгодишна струмичанка, исчезната е од вчера. Последен пат ја видел нејзиниот брат, вработен во „Охридска банка“ во Струмица вчера, околу 11:30 часот, кога дошла да подигне 6.000 денари.
„Апелирам до сите кои што имаат било каква информација за сестра ми, веднаш да се јават во полиција или пак на мојот број. Сестра ми има здравствени проблеми, и според моја претпоставка, замината е на некоја клиника, најверојатно во Скопје, да си побара помош. Вчера, таа дојде во банката во која што работам, подигна 6.000 денари, под образложение дека и требаат да си купи нова гaрдероба. Но, откако не се врати дома, и алармиравме за нејзиното исчезнување, струмичани кои вчера биле во Скопје ми јавија дека ја забележале во Аеродром, некаде околу 16:30 часот. Токму поради тоа, претпоставуваме дека сеуште се наоѓа во Скопје“ – вели во телефонски разговор нејзиниот брат.
Тој додава дека Жулиета била разведена и живеела со неговото семејство и со родителите. Имала едно дете. И покрај тоа што имала здравствени проблеми, никогаш не се случило да замине од дома, без да ги извести домашните каде оди.
„Замолувам доколку некој ја видел, веднаш да не извести. Апелирам до сите приватни клиники, ординации и здравствени установи, бидејќи сметаме дека се наоѓа во некоја од нив, да проверат дали е таму“ – порача братот на Максудова.
Сите кои што имат информација за исчезнатата жена, можат да го контактираат на телефонскиот број 072 215 490 или пак да се јават во полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст