| четврток, 6 декември 2018 |

Универзитетски професор се обиде да се самоубие на факултет

Триесет и три годишниот А.Ф. од Нераште, вчера во ходникот на Ректоратот во приземјето на Државниот тетовски универзитет, каде бил професор, во два наврати се обидел со жилет да ги пресече вените.

-Најпрво од секретарот на Универзитетот, а потоа и од лице од обезбедувањето бил спречен во намерата и му биле одземени жилетите, а тој воопшто не се повредил, по што бил внесен во канцеларијата на секретарот и подоцна бил пренесен во тетовската клиничка болница, информираат од СВР Тетово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top