| четврток, 6 декември 2018 |

НБРМ пушти во оптек нови ковани пари за колекционерски цели

Народната банка информира дека се пуштени во оптек кованите пари за колекционерски цели „Година на кучето – богата година на кучето“, „Година на кучето – безбедна година на кучето“, „Руски лавиринт“ и „50 години од Македонската академија на науките и уметностите“.

Цената на кованите пари „Година на кучето – богата година на кучето“и „Година на кучето – безбедна година на кучето“ изнесува 3.200 денари.

Цената на кованaтa парa „Руски лавиринт“ изнесува 4.300 денари, а цената на кованaтa парa „50 години од Македонската академија на науките и уметностите“ изнесува 2.500 денари.

Кованите пари за колекционерски цели издадени од Народната банка се законско средство за плаќање во Република Македонија.

Дополнителни информации за кованите пари за колекционерски цели се објавени на интернет-страницата на Народната банка на Република Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top