| четврток, 6 декември 2018 |

Нобеловата награда за мир за Антинуклеарната кампања

Нобеловата награда за мир ја доби Меѓународната кампања за укинување на нуклеарно оружје (ИЦАН), соопшти норвешкиот Нобелов комитет.

Наградата се доделува на идивидуалци или групи кои промовираат мир или братски односи меѓу нациите.

Престижната награда е доделена „за работата за насочување на вниманието кон катастрофалните последици од каква и да е употреба на нуклеарно оружје и за револуционерните напори за постигнување договор за забрана на сите вакви оружја“, се наведува во образложението на Комитетот.

Норвешкиот комитет за Нобелова награда за мир мораше да одлучи меѓу над 300 номинирани за оваа престижна чест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top