| четврток, 6 декември 2018 |

Вашите сопартиjци го создадоа проблемот со стечајците, бе торлаци!

Со протести искажувајки го своето незадоволство од начинот како во 2006та година власта си играше со судбината на македоските стечајци, тие побараа од пратениците да гласаат за законот кој ќе им обезбеди социјална сигурност на работниците со над 25 години стаж. Иако Парламентот тогаш донесе закон со кој, на оваа категорија луѓе им се овозможуваше каква-таква социјална сигурност до пензија, претседателот Бранко Црвенковски застана зад аргументите на Владата и го врати во Собранието законот за „стечајците“. Владата побара од тогаш актуелниот претседател Црвенковски да не го потпишува указот на новиот закон за социјално згрижување на стечајците до пензија, заклучено по најавите на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) дека ќе го замрзне аранжманот со средства предвидени за оваа категорија на граѓани. Денеска СДСМ се фали дека се грижи за македонските стечајци, за истите за кои нивните сопартијци одбиваа да им обезбедат достоинствен живот. Во собранието се донесе предлог – закон кој предвидува да се опфатат невработени лица на кои им престанал работниот однос во претпријатија со доминантна сопственост на државата после 1 јануари 1995 година, заклучно со 31 декември 2016 година. Околу 3.000 лица треба да добиваат 7.596 денари месечно.

Но реалноста е сосема поинаква од ВМРО-ДПМНЕ велат дека со наведениот предлог закон се опфаќаат мал број на невработени лица на кои работниот однос им престанал по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок заклучно со 30 јуни 2017 година, а кои оствариле право на паричен надоместок по први јануари 1995 година во претпријатијата со доминантна сопственост на државата.

-Лицата кои има 15 години работен однос во претпријатија со доминантна сопственост на државата утврден со М1 и М2 образец и кое лице на денот на влегување во сила на овој закон е на возраст од најмалку 52 години за жени односно 55 години за мажи. Вака предложениот закон е без претходна сеопфатна анализа и истиот нема да ги опфати реалниот број на стечајни работници туку само мала група на луѓе блиски до моменталната власт,потенцираат од паријата.

Од ВМРО – ДПМНЕ Крива Паланка пак, информираа дека во агенцијата за вработување на Република Македонија во овој град се поднесени над 500 барања за остварување на ова право од кои реално дали 30-40 лица, односно дали 10 проценти ќе можат да го остварат овој паричен надоместок.

И покрај тоа што ваквиот предлог закон ќе опфати мала група на луѓе, со цел да се излезе во пресрет на граѓаните, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ја дадоа својата поддршка при донесувањето на овој закон.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со законот за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со доминантна државна сопственост од 2008 година и 2009 година овозможи материјално обезбедување во вид на паричен надоместок на над 4000 лица.

Дека македонските стечајци повторно се соочуваат со проблеми говори и фактот дека тие сеуште немаат одговор на прашањето дали фирмата во која работеле е опфатена со Законот за стечајни работници.

Иако одржуваат редовни состаноци и имаат непосредна комуникација со раководството на подрачните единици во Агенциите за вработување низ градовите во Македонија, велат дека никој не го знае одговорот на ова прашање.

-Ништо не кажаа, такви информации никој не дава. Сите велат дека не знаат -изјави стечеаен работник.

Недорабирања има и во однос на тоа, со каква документација треба да се поднесе барање до Агенцијата. Првично беше кажано дека стечајците треба да понесат само лична карта и трансакциона сметка и дека М1/М2 образецот на кој е евидентиран стажот ќе биде ваден по електронски пат.

Повеќе од јасно е дека ова не е довлно, голготата на овие граѓани сеуште трае, затоа се потребни анализи и изнаоѓање на реална законска можност за регулирање на статусот на оние стечајци кои не се опфатени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top