| четврток, 6 декември 2018 |

Туристка од Холандија пронајдена мртва во хотел во Охрид

Седумдесет и двегодишна жена од Амстердам, Холандија е пронајдена мртва во хотел во Охрид.Случајот во полиција бил пријавен вчера околу 10 часот. Жената била пронајдена почината во хотелската соба во која престојувала.

На нејзиното тело немало траги на насилство. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција која треба да ги утврди причините за смртта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top