| четврток, 6 декември 2018 |

Бламажа на Александар Наумоски на Канал 5: Самиот признава дека не може да го исполни тоа што го ветува за Ѓорче (ВИДЕО)

Кандидатот за градоначалник од СДСМ за Ѓорче Петров Александар Наумоски вечерва целосно се изрезили при гостувањето во емисијата „Само вистина“ на Канал 5, откако самиот призна дека не верува оти може да го исполни секое ветување од својата програма.
Наумоски остана без одговор на прашањето дали има прецизни рокови кога одреден проект би се реализирал, за да знаат граѓаните, да бидат сигурни, дека тоа што се ветува, се исполнува. Наумоски, кој на моменти делуваше како да не знае што говори, рече само дека тие ги следеле модерните трендови, но се навраќале и на моменталната ситуација?!
Посебно скандалозен беше неговиот одговор дека кога тој настапувал со граѓаните, и како што самиот рече, се продавал како маркетиншки производ, на ѓорчевци им кажувал дека не можеле премногу од тоа што го дава како понуда, конкретно да го вети.
-Јас кога настапувам со граѓаните, нормално кампања е, тоа е фактички маркетинг, се продаваме како производ. Нормално е да имаш визија и идеја. Меѓутоа, јас им го кажувам тоа на моите ѓорчевци, не можеме ние премногу од тоа, што го даваме како понуда, конкретно да го ветуваме, рече Наумоски.

Наумоски со ова фактички признава дека сето она што е во неговата порограма, врз основа на која тој ја бара довербата од граѓаните на Ѓорче Петров, тој не може да им го вети на граѓаните, односно не може да го исполни.
Наумоски практично самиот признава дека неговата програма е нереална и неостварлива, а сето она што тој сега го нуди е само еден предизборен маркетиншки трик, со цел да се продаде за што е можно повеќе гласови, па откако би станал градоначалник јасно би било дека тој нема намера тоа да го реализира.
Ова значи дека Наумоски предизборно свесно манипулира со гласачите со цел да ја добие нивната доверба со програма за која самиот вели дека не може да се исполни. Ако Наумоски самиот не верува дека може да го оствари она што го ветува, тогаш се поставува прашањето зошто жителите на Ѓорче Петров треба да веруваат во овие негови ветувања?
Во дел од коментарите под видеото, граѓаните велат дека „паметниот“ и арогантен гостин не знае што зборува, а не па општина да води.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top