Драчево, Пинтија, Рампа, Усје, Црниче, жителите на сите маала и населби во Кисела Вода излегоа на масовниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за зедничка Македонија. Преку 5000 жители на најголемата скопска општина му дадоа поддршка на кандидатот за градоначалник од оваа партија, Јохан Тарчуловски.
Сите ние споделуваме една и единствена иста судбина наречена Македонија. Како никогаш досега е потребно да останеме сплотени и единствени, за да на крај да не се покаеме. Денес не е доцна, но утре може да биде. Јас никогаш не сум покажал слабост, нема ниту сега. Ова им го порача на граѓаните на Кисела Вода, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник, Јохан Тарчуловски.
–Јас сум човек кој минал низ многу радости и многу тага. Многу пати сум се радувал, но и без најмалку срам ќе кажам дека и многупати душата ме болела. Но сегашната болка е најголема, бидејќи таа болка е болка за Македонија. Јас не гледам наназад со гнев, ниту нанапред со страв. Гледам пред мене луѓе кои вистински и искрено од срце си ја сакаат земјата. Гледам луѓе кои се подготвени заедно, храбро и јуначки за голема победа, победа за наша Кисела Вода, победа за Скопје, победа за Македонија, порача Тарчуловски.
Тој им порача на сограѓаните да не го гледаат како политичар, туку како пријател. Рече дека изминативе години е многу направено во Кисела Вода и тој ќе продолжи да работи за општината со многу нови проекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст