| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Економијата вртоглаво паѓа, Македонија тоне во рецесија

Народот ќе се произјасни за секојдневните активности со цел да се запрат или закочат или целосно да се урне нешто што е создавано во време не ВМРО. Нешто што почнало да го прави, или што ги завршило сите подготовки за градба ВМРО-ДПМНЕ или нешто што го изградило, истакна на денешниот митинг во Кисела Вода лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Земете ги трите автопатишта, ги запреа за ништо, без никаква потреба само за да најдат некоја причина да зборат против ВМРО, па по година – две да кажат дека тие нешто создале и дека сега градат. Или пак, овие зборувања дека ќе ги рушеле спомениците на македонските револуционери кои ги дале животите за слободата на Македонија или го ставиле во голем ризик своите животи, посочи Груевски.

Според него, демагогијата и рушењето на се она што е направено од страна на ВМРО-ДПМНЕ, на СДСМ ќе му се удри од глава.

Ќе си каже народот што мисли за овие политички хајки и прогони со кои што се обидуваат да го задскријат своето неработење, својата безидејност, рекетарството што го воведоа во фирмите на кои што отворено ги рекетираа за што ќе стигнат и кога ќе стигнат, рече Груевски.

Вели дека граѓаните на 15 октомври ќе гласаат и за отворените притисоци врз медиумите, судстството, странските инвеститори и администрацијата.

На 15 октомври моќта е во рацете на народот со пенкалото во рака. Тие на кои што ќе им го заматат умот повторно, кои што ќе ги подлажат со нешто ситно во оваа изборна камапња немаат право после да кажат вака или онака, затоа што имаат шанса. Демократијата им дава шанса на 15 октомври, потоа и на 29 доколку некаде има втор круг да излезат и да одговорат за целото ова помрачување. Гласајќи за Коце Трајановски, гласајќи за Христијан Мицкоски, гласајќи за Јохан Тарчуловски и Орце Ѓоргиевски овдека во Кисела Вода, киселоводчани ќе си кажат што мислат за целото ова помчраување што се случува четири и пол месеци во Македонија, истакна Груевски.

Нагласи народот има можност да каже што мисли за намалувањето на индустриското производство, во јули за 2 отсто, а во август за 5,3 проценти.

Со намалувањето на извозот на Македонија во јули за 12 проценти, во август за 8,2. Со намалувањето на девизните резерви во минатите три месеци за 173 милиони евра. Со намалувањето на прометот во индустријата за 9,1 процент, со што ли не? Нема еден економски податок кој не укажува дека Македонија вртоглаво паѓа во економијата, дека тонеме во рецесија и дека со тек на време тоа и тек како ќе почне да се чувствува меѓу граѓаните, посочи Груевски.

Појасни дека овие бројки не се чувствуваат меѓу луѓето, но оти и тоа ќе дојде со тек на време.

Со ова рекетарско работење, со ова бркање на инвеститорите, со ова втерување страв и рекетирање на домашните и странските инвеститори неминовно е тоа што почна да се случува во економијата. Народот за ова има шанса да излезе и да каже само на 15 октомври, евентуално некаде на 29, ако има некаде втор круг, рече Груевски.

Според него, оние кои ќе гласаат за СДСМ се согласуваат целото помрачување.

Ако гласаат за ВМРО-ДПМНЕ ќе пратат сигнал дека не се согласуваат со ова, а они што гласале за нив ќе кажат дека не се согласуваат и дека не гласале за вакво нешто, потенцира Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top