ВМРО-ДПМНЕ секогаш во минатото била темел на нашата татковина, по тој пат ќе продолжи да чекори и понатаму, истакна на денешниот митинг во Кисела вода носителот на листата на советници за Град Скопје и генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој ги повика граѓаните на Кисела Вода да гласаат за канидатите за градоначалници, Јохан Тарчуловски и Коце Трајановски, но и советничките листи на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ.
–Нудат живот, а забораваат што оставија. Оставија пустош после цунамито наречено Влада на Социјалдемократскиот сојуз. А со пустошот и ужасот продолжува и оваа влада што ја предводи Зоран Заев и Социјалдемократскиот сојуз. Ги паметам лицата на моите родители кога се затвораа погоните на Металскиот завод, кога бројот што остануваа без работа или беа прогласени за технолошки вишок се зголемуваше од ден на ден. Но, исто така ги паметам и деновите минати во кабинетите на министрите кога баравме идеја, баравме начин како да обезбедиме што е можно поголем број вработувања за граѓаните на нашата татковина. Во тоа успеавме, нагласи Мицкоски.
Мицкоски потсети дека за 11 години Владата на ВМРО-ДПМНЕ успеала да вработи 170.000 невработени лица.
–Успеавме да обезбедиме преку 100 директни странски инвестиции. Се сеќавам на тажниот и безпомошен поглед на нашите родители кога требаше да се набават учебници на почетокот на секоја учебна година. Но исто така се сеќавам и на деновите поминати во Влада кога Владата ја предводеше ВМРО-ДПМНЕ, кога се донесе одлука да секој ученик добие бесплатни учебници, а сето тоа да биде на товар на Владата на Република Македонија, која што во тоа време ја предводеше ВМРО-ДПМНЕ, истакна Мицкоски.
Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ се сеќава на лицата на своите другари кои не можеле да се школуваат поради високите партиципации на универзитите.
–Бев радосен и скокав до небо кога ВМРО-ДПМНЕ ја намали партиципацијата на универзитетите и ги направи пристапни за сите оние кои сакаат и имаат желба да го продолжат своето високо образование. Тоа е по заслуга на Владата на Република Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Затоа ние не нудиме басни, лаги, конструкции и приказни, ние нудиме конкретни проекти. Прецизно и одмерено ветуваме, а го ветуваме само она што можеме да го реализираме, вели Мицкоски.
Секој еден проект кој е содржан во програмата на ВМРО-ДПМНЕ претставува и решение на некаков проблем на граѓаните.
–Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ќе изградат или реконструираат повеќе од 330 училишта. Нашите најмили, нашите деца се нашето најголемо богатство. Тие од најрана возраст заслужуваат третман кој што понатаму ќе им значи поквалитетен живот. Во името на таа цел ќе изградиме и ќе адаптираме повеќе од 135 градинки. Животната средина е исто така врвен приоритет во програмата на нашите кандидати за градоначалници. И во името на тоа, ќе изградиме и уредиме повеќе од 223 паркови и зелени површини, посочи Мицкоски.
Истакна дека ќе посветат огромно внимание во канализационата сфера.
–Ќе изградиме и реконструираме стотици километри канализација и канализациони системи или поточно 412 проекти на целата территорија на Република Македонија. Ќе продолжиме во иднина да вложуваме и во питката вода. Ќе реконструираме и ќе изградиме водоводни системи и мрежи во преку 308 проекти на целата територија на Република Македонија. ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која што гради и тоа го докажа во минатото, нагласи Мицкоски.
Вети дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ќе изградат преку 1386 улици и патишта.
–Тоа се стотици, да не речам илјадници километри асфалт. Зад овие програми е нашиот минат труд и нашиот кредибилитет. Тоа е нешто со кое нема подигрување. ВМРО-ДПМНЕ е секогаш во сојуз со народот и се води од приоритетите на народот, потенцира Мицкоски.
Додаде дека со гласањето за канидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и советничките листи, граѓаните гласаат за напредна Македонија, напредна општина и развиено Скопје.
Мицкоски даде збор дека по локалните избори Град Скопје ќе биде уште поубав од тоа што е во моментот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст