| четврток, 6 декември 2018 |

По долго време Џенифер Лопез прв пат откри со што се борела после разводот со Марк Ентони

Во 2011 Џенифер Лопез се разведе од Марк Ентони, а крајот на бракот бил доста стресен за пејачката па се појавил и еден проблем.

Нормално е да го имате чувството дека светот се распаѓа и “што после”, кога прекинувате долгогодишната врска или брак со партнерот, момент со кој речиси секој човек се соочил и секоја се справува со тоа на различен начин. Една од нив е и атрактивната пејачка Џенифер Лопез, која и покрај тоа што секој маж би ја посакал, се плашела дека до крајот на животот ќе остане сама.

-После разводот мислев дека ќе останам сама засекогаш. Мојата утеха ми беа децата. Тие се цел мој свет и нешто најдобро во мојот живот, но да се плашев дека нема да се заљубам повторно, а тоа чувство е навистина лошо, вели Џенифер.

Џенифер и Марк имаат блзинаци, Ема и Макс. Лопез после долго време ја пронајде својата утеха во поранешниот безјбол играч Алекс Родригез, а врската ја опишува како совршена и дека е среќна како никогаш досега. Нејзината претходна врска беше со танчерот Каспер Смарт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top