| четврток, 6 декември 2018 |

Мина остро и возврати на Јелена: Ништо не ме интересира!

После породувањето на Јована Јоксимовиќ, која на свет донесе две ќерќи, започнаа и шпекулации дека таа и првата ќерка на Жељко, од првиот брак не се во добри односи.

Пред неколку дена Јелена на својот профил објави статус по овој повод и напиша:

-Јас на Мина не може да и бидам другарка, ниту да и бидам мајка, Мина си има прекрасна мајка и прекрасен татко, јас може да и бидам само пријател кој ќе биде тука за неа цел живот.Мина е дел од нашето семејство, и во нашиот дом ја има истата топлина како и во домот на нејзината мајка. Знам дека луѓето сакаат сензација ама кај нас ја нема -напишала Јелена

Многу се шпекулираше за тоа во какви односи се убавата водителка и Мина Јоксимовиќ, па затоа српските портали ја контактирале и ја прашале Мина дали им го честитала раѓањето на близнаците на татко и и маќеата, а нејзиниот коментар ги шокирал сите.

-Не ме интересираат такви работи, прашајте ме нешто паметно. Не зборувам за приватните работи, а кога ќе имам нешто паметно да кажам, побарајте ме тогаш-рекла ќерката на Жељко од првиот брак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top