Паѓа вредноста на извршените градежни работи во земјава, покажуваат статистичките податоци. Во периодот јануари – јули 2017 има намалување за 27, 2 % во однос на истиот период минатата година. Во периодот јануари – јули 2016 вредноста на извршените градежни работи изнесува 2 630 659 денари, а во истиот период оваа година 2 118 851 денари. Како резултат на намалената градежна активност има намален број и на градежни работници за 2, 7% во периодот јануари- јули 2017 во однос на истиот период лани, односно од 10 698 е намален на 10 566 работници.
Освен намалувањето на градежната активност македонската економија забележува уште неколку негативни бројки. Во август годинава, извозот паднал за 8, 2% во споредба со јули.
Статистика објавува дека трговската размена се зголемила за 11,6% во првите 8 месеци од годинава со истиот период лани. Извозот се зголемил за 14% , а увозот за 9,8% додејка покриеноста на увозот со извозот изнесувала 73,7% . Сепак во август се забележува намалување на надворешно трговските активности споредено со јули за 5,4%, притоа извозот бил намален за 8,2% , а увозот на стоки за 3,4%.
Обемот на лон производството во август бил намален за 17% споредено јули. Од структурата на извозот се гледа дека компаниите се повеќе извезуваат производи сододадена вредност, но благодарение најмногу на странските компании кои веќе се присутни во земјава.
Покрај пад на извозот, економијата се соочува и со пад на индустриското производство, пад на просечните плати, како и пад на девизните резерви. Овие индикатори според економистите ја намлија конкурентноста на македонската економија, а тоа почнаа да го нотираат и меѓународните институции.
Дека нема оптимизам за раст на македонската економија се проекциите на Владата и на монетарните власти. Владината проекција за раст падна на 2,2 % за годинава, додека од гувернерот на НБРМ Димитар Богов изјави дека се сомнева дека економијата ќе има зголемување во 2017 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


